• Иван Димовски

Фудбалерите на Реал Мадрид му гостуваат на Наполи во второто коло на Лигата на шампионите. Карло Анчелоти се враќа во Неапол, на „Диего Армандо Марадон“ пред полните трибини.
Италијанскиот стручњак го најави дуелот против „партенопеите“ и повика на претпазливост.
„Ќе играме со еден од најдобрите тимови во Италија, со многу добри индивидуалци. Ќе биде сериозен натпревар против Наполи. Мора да прикажеме многу добар перформанс.
Враќањето во Неапол е како навраќање во минатото, го паметам времето таму. Имам позитивни мемории од овој град“, изјави Анчелоти.
Пресметката меѓу Наполи и Реал Мадрид е закажана за во вторник во 21:00 часот.