Анчелоти ќе го „спасува“ Боатенг и ќе го доведе во Наполи!?

Боатенг

Долгогодишниот член на Баерн Минхен, Жером Боатенг, би можел да си замине ова лето и да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А. За него интерес има од Наполи, поточно од Карло Анчелоти, кој сака да ја засили одбраната со 30-годишниот Германец.

Тој пристигна во редовите на баварската екипа пред осум години од Манчестер Сити. Но, зад себе остави лоша сезона во која се повлече од репрезентаивниот дрес и не се изнаигра под палката на Нико Ковач.

Неговата цена би можела да го убеди претседателот на „наполитанците“, Аурелио де Лаурентис, кој не сака да троши големи суми на засилувања.

Заминувањето на Раул Албиол е дополнителна причина Анчелоти да размислува за тандем Кулибали-Боатенг.