• Саше Љолес

Неколку шпански медиуми ја пренесоа веста дека тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, сериозно „загризал“ за услугите на српскиот репрезентативец и член на Милан, Страхиња Павловиќ.
Стоперот прикажа неколку одлични партии сезонава и го привлече вниманието на повеќе европски гиганти, но се чини дека повикот од Реал би бил тежок да се одбие. Анчелоти има големи проблеми со повредени дефанзивци и сака токму со Павловиќ да го збогати ростерот за следната сезона.
Србинот пристигна во Милан од Салзбург за сума од 18 милиони евра, но сега „росонерите“ би можеле да го продадат за дупло повеќе. Првичните контакти биле остварени, а повеќе информации се очекуваат во следниот период.
Павловиќ ја започна кариерата во Партизан, а потоа играше за Монако, Серкл Бриж, Базел, и Салзбург. 23-годишникот досега собра вкупно 43 настапи за селекцијата на Србија.