Анчелоти: Го загубивме лидерското место, но задоволен сум од првиот дел од сезоната

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, и покрај поразот од Рајо Ваљекано (3-2) и губењето на првото место во Примера, истакнува дека сепак е задоволен од првиот дел од сезоната во која ја брани титулата во домашниот шампионат.

„Само што влегуваме во паузата за Светското првенство. Одигравме толку многу натпревари и сметам дека овој прв дел од сезоната е сепак многу добар. Што се однесува до натпреварот со Рајо, признавам дека не можевме да обезбедиме ист интензитет како противникот и дека требаше да го промениме начинот на кој игравме во некои фази од играта. Направивме грешки. 

Ни недостигаше силата што ја имаше нашиот ривал. Квалитетот не беше доволен за поволен резултат. Не бевме свежи, не бевме добри како порано, но тоа е нормално. Првенството е многу долго. Разочарани сме што го загубивме водството на табелата“, изјави Анчелоти.

Со овој пораз „кралевите“ им го препуштија лидерското место на големиот ривал Барселона и сега има негатива од два бода во однос на каталонскиот гигант.

Состави

Андони Ираола

4-2-3-1

    Карло Анчелоти

    4-3-3