Анчелоти го прашаа каде ќе игра Мбапе: Ќе му пронајдеме позиција...

Килиан Мбапе го комплетира трансферот во Реал Мадрид, каде што пристигна како бесплатен фудбалер од ПСЖ. Францускиот играч беше промовиран во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. 

Многумина се зачудени на која позиција во тимот ќе влезе Мбапе, бидејќи во моментов Реал е пополнет солидно. Карло Анчелоти доби прашање и кратко го прокоментира местото на Французинот во тимот.

„Ќе му пронајдеме позиција на Мбапе. Ако треба ќе го втурнеме некаде“, прокоментира Анчелоти.

Минатата сезона Килиан Мбапе одигра 48 натпревари, постигна 44 гола и запиша десет асистенции.