• Саше Љолес
Младиот бразилски фудбалер Ендрик се пресели на позајмица од Реал Мадрид во Олимпик Лион до крајот на сезоната и откако официјално беше претставен во новиот клуб, покажa голема благодарност кон својот поранешен тренер, Карло Анчелоти.
19‑годишниот напаѓач откри дека пред да го потврди трансферот, водел искрен разговор со Анчелоти, кој му дал значаен совет за неговата кариера. Италијанецот го поддржал да бара повеќе минути на теренот и да оди на место каде може да се развива и да биде среќен, што било пресудно во одлуката на Ендрик за преминот во Франција.
Иако оваа сезона имаше ограничена минутажа во Реал Мадрид, младиот офанзивец останува амбициозен и верува дека позајмицата во Лион ќе му помогне да се подобри и да добие повеќе шанса за играње. Во новиот тим веќе започна да се прилагодува под водство на тренерот Пауло Фонсека, со надеж дека ќе ја искористи шансата за раст и напредок.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.










