Анчелоти: Фудбалските лидери треба да размислат, се играат мечеви кои немаат смисла

Бројни фудбалски работници го дадоа своето мислење за идејата на ФИФА, Светското првенство да се игра на секои две години, а речиси секој од нив – се против овој предлог.

Оваа идеја ја претстави легендарниот Арсен Венгер, а неговиот колега Карло Анчелоти, му одговори во свој стил.

„Светско првенство на секои две години? Па, кога веќе започнавме во таа насока, најдобро е да се игра секоја година. Згуснатиот распоред на натпревари е голем проблем за фудбалот. Нешто треба да се промени. Се играат натпревари кои немаат смисла. ФИФА и УЕФА треба да размислат за тоа.

Има премногу притисок врз играчите, мора да се реши што е можно поскоро“, вели тренерот на Реал Мадрид.

Оваа идеја веќе е ставена на дневен ред во ФИФА, а за истата првиот човек на Меѓународната фудбалска организација, Џани Инфантино, зборуваше на состанок во Доха на почетокот на септември.