• Иван Димовски

Карло Анчелоти ќе остане селектор на Бразил најмалку до крајот на Светското првенство во 2030 година, потврди генералниот координатор на Бразилската фудбалска конфедерација, Родриго Каетано.
Италијанскиот стратег неодамна го продолжи договорот со федерацијата, а и покрај критиките по елиминацијата од Норвешка (1-2) во осминафиналето на Светското првенство, челниците на бразилскиот фудбал му дадоа целосна поддршка.
„Денес болката е голема, но довербата во она што го градиме не се менува. Ќе продолжиме да работиме за нашата репрезентација. Секогаш заедно. Секогаш Бразил“, напиша Анчелоти на социјалните мрежи.
Каетано порача дека на репрезентацијата ѝ е потребна стабилност и дека не смее повторно да се направи грешката од минатото.
„Тој е наш селектор и ќе остане до крајот на овој циклус. Една од главните причини за нашиот неуспех на ова Светско првенство беше недостатокот на стабилно и долгорочно водство. Не смееме повторно да ја направиме истата грешка“, изјави Каетано.
Тој додаде дека во репрезентацијата владее големо разочарување по елиминацијата, но нагласи дека тимот мора да продолжи со работа и подготовка за следниот Мундијал





