Анчелоти донесе конечна одлука: По крајот на сезоната го напушта Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, одлучи да го напушти клубот по крајот на сезоната. На оваа тема се пишува подолго време, летово се шпекулараше дека Чаби Алонсо е тој што ќе го наследи во 2025 година, а сега оваа приказна добива смисла. 

И покрај тоа што има договор со клубот до 2026 година, Карло Анчелоти одлучи да ја прекине соработката со Реал Мадрид, каде стана најуспешниот тренер во историјата на клубот. Одлуката, наводно била конечна, без разлика кои трофеи ќе ги освои Реал Мадрид во тековната сезона. Моментално Реал е лидер во Примера, а неодамна го загуби финалете од Суперкупот од најголемиот ривал Барселона.

Заминувањето на Анчелоти од клупата на Реал Мадрид најверојатно нема да значи и негова пензија. Се споменува дека тој е главен кандидат за клупата на бразилската репрезентација, но тоа во моментов е помалку важно. 

Прв кандидат за наследник на легендарниот „Дон Карло“ е Чаби Алонсо, тренер кој минатата сезона направи вистинско чудо со Баер Леверкузен и станаа шампиони во Бундеслигата.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.