Анчелоти: Цел свет мисли дека Модриќ е готов, но – не е така!

Лука Модриќ беше човек на одлука во дербито на Реал Мадрид против Севиља (1-0), постигнувајќи ефектен погодок. Хрватскиот ветеран падна во втор план во редовите на „кралевите“, па поради тоа сè погласно се шпекулира за неговото заминување. 

На оваа тема зборуваше тренерот на Реал, Карло Анчелоти, кој има интересно гледиште на ситуацијата.

„Го почитувам, но не би го советувал, Модриќ знае што треба да направи. Не можам да знам што му се случува во главата. Тој е одлична и скромна личност, многу го сакам. Не знам дали ќе остане во Реал за да биде резерва. Тоа што сакам да кажам е дека: не е важно колку минути играш, туку што покажуваш додека си на теренот. Разбирам дека Лука е тажен бидејќи не игра, но ова не е неговиот крај. Целиот свет мисли така, но едноставно не е таков случај. Тој и натаму има енергија, ова не е крајот на неговата кариера. Само погледнете го, има 39 години. Тешко е да го оставате на клупа, тој е пример за сите“, изјави Анчелоти.

Покрај другото, италијанскиот стратег ја поврза ситуацијата на Модриќ со оние на Тони Крос и Начо. 

„Слична е ситуацијата како со Крос и Начо. Клубот и тие ќе решат во наредните месеци. Модриќ ја има иднината во свои раце, ќе ја чекаме неговата одлука“, заклучи Италијанецот.

Договорите на Модриќ, Крос и Начо истекуваат на крајот на сезоната, па останува да видиме дали некој ќе ја продолжи соработката со Реал Мадрид.

Состави

Карло Анчелоти

4-4-2

    Quique

    4-4-2