• Саше Љолес

Македонскиот второлигаш Беласица доведе ново засилување за следната сезона, а тоа е Анатолиј Петејчук, кој пристигна од редовите на хрватскиот Граничар Џурџевац.
Роден е 2002 година и настапува на крилните позиции. Се очекува да биде големо засилување за струмичкиот тим.
Од клубот му посакаа добредојде, со надеж за добри изданија и успешни резултати. Беласица минатата сезона заврши на осмата позиција на табелата.
