Аналитичарите пресметаа: Еве ги шансите на Шкендија за европска есен!

Македонскиот шампион Шкендија за првпат во својата историја ќе настапи во едно европско натпреварување. Тетовчани со добрите настапи во квалификациите за Лигата на шампионите и двете минати кола си обезбедија европска есен и настап во Конференциската лига на УЕФА. 

Аналитичарите веќе ги анализираа шансите на клубовите во ова натпреварување за пласман меѓу најдобрите осум, но и во плеј-оф фазата. На листата од 36 клуба Шкендија се наоѓа на 31. позиција, а зад неа се само Дрита, Абердин, Брејдаблик, Хамрун Спартанс и Линколн Ред Импс. 

Според симулациите на „Football Meets Data“, на Шкендија ѝ се даваат солидни 29% шанси за пласман во плеј-оф фазата на Конференциската лига, а за такво нешто е потребен пласман меѓу најдобрите 24 екипи. За пласман во „топ осум“ македонскиот првак има само теоретски 1% шанси. 

Шкендија ќе одигра барем шест натпревари во Конференциската лига и тоа против: Рајо Ваљекано (г), Шелбурн (д), Јагјелонија (д), Дрита (г), Слован Братислава (д) и АЕК Ларнака (г).