• Горан Упале
Манчестер Јунајтед на чудесен начин се пласира во полуфиналето на Лига Европа по сензационалниот кам-бек против Лион, а Рубен Аморим не можеше да биде посреќен поради тој факт.
„Црвените ѓаволи“ водеа со 2-0, па губеа со 2-4 на само шест минути до крајот од продолженијата, а потоа направија еден од најголемите пресврти во историјата и стигнаа до победа од 5-4.
Менаџерот на англискиот клуб ја истакна Лига Европа како прва цел до крајот на сезоната. Освојувањето на ова натпреварување би било единствениот билет за Манчестер Јунајтед за Европа следната година:
„Мораме да ризикуваме со деца во Премиер лигата, мораме да се фокусираме на Лига Европа.
Вревата на стадионот беше најдобрата досега. Некои луѓе ќе ги задржат своите дресови, шалови, но јас ќе го паметам звукот од овој натпревар - тоа е најдобриот звук на светот“, рече менаџерот на Јунајтед.
Јунајтед одамна ги загуби сите шанси да обезбеди пласман во Европа преку Премиер лигата, а во полуфиналето на Лига Европа ќе се сретне со Атлетик Билбао.