• Иван Димовски
Рубен Аморим е максимално задоволен од летниот преоден рок на Милан пред неделното дерби со Јувентус. „Росонерите“ имаат две победи на стартот на Серија А, а Португалецот верува дека тимот е подготвен и за големиот тест во Торино.
Милан летово го донесе Гонсало Рамос од ПСЖ за 65 милиони евра, плус пет милиони во бонуси, а во нападот има и неколку заминувања. Аморим признава дека бројот на опции е намален, но не гледа причина за паника.
„Моите играчи се меѓу најдобрите на светот, затоа нема да кажам дека оценката е осум или девет. Секој играч што го доведовме совршено одговара на нашата екипа, затоа давам чиста десетка! Имам најдобар тим на светот. Треба да ја согледаме ситуацијата. Свесни сме дека двајца напаѓачи со различни профили би можеле да ни помогнат. Не знаеме што ќе се случи, можеби сме малку пократки со опциите на таа позиција. Мислам дека можеме да играме и со тројца играчи кои ќе се ротираат во нападот. Како што гледате, овде играме доста човек на човек, па играч со профил како Кристијан Пулишиќ може да биде корисен во одредени натпревари“, изјави Португалецот.
Јувентус исто така има две победи на стартот, па Аморим очекува сериозен тест во Торино.
„За големите клубови секој натпревар е важен. Сепак, го разбирам интересот што го носи дуелот со тим како Јувентус. Ова е добар тест за да видиме дали напредувавме во однос на минатата недела. Важно е добро да одиграме на гости против силен тим и одличен тренер. Возбуден сум, не сум загрижен. Мислам дека мојот тим е подготвен“, порача Аморим.
Средбата на „Алијанц Стадион“ се игра вечерва во 20:45 часот.


