• Иван Димовски
Манчестер Јунајтед со вкупни 7-1 го декласира Атлетик Билбао во полуфиналето на Лигата на Европа и закажа англиско финале со Тотенхем во ова натпреварување. По победата на реваншот на „Олд Трафорд“ од 4-1 своето мислење го сподели тренерот Рубен Аморим. Португалецот веднаш се осврна на финалето и не трошеше зборови за тоа што е зад тимот.
„Секој натпревар има своја историја. Кога ќе го погледнете финалето, квотите велат дека сме поблизу до победата. Сепак, тоа ќе биде дуел на тимови кои ќе играат на сè или ништо. Дури и тренерските позиции се случни, Постекоглу има уште една година договор... Се мачиме и ние, а и Тотенхем, па не се знае што ќе се случи. Треба да се обидеме да го подготвиме натпреварот многу добро.
Малку сум и загрижен, не знам каква ќе биде ситуацијата со повреди за финалето. Ако не победиме, тогаш сезоната нема смисла за нас. Тешко е да се опише чувството да бидете менаџер на Јунајтед. Сакам да им дадеме на навивачите нешто специјално бидејќи целосно ги разочаравме во Премиер лигата. Ова финале не само финансиски, туку и дава можност да играме во Лигата на шампионите“, изјави Аморим.
Финалето на Лига Европа се игра на „Сан Мамеш“ токму во Билбао на 21 мај.