• Горан Упале
Рубен Аморим, португалскиот стратег на клупата на Манчестер Јунајтед, го најави големото дерби против Манчестер Сити во Премиер лигата. На Аморим не му е важно што Јунајтед ќе се соочи со Сити за првпат по пет години како повисоко пласиран тим на табелата во англиската елита.
„Тие се врвен тим, го имаат најдобриот тренер во лигата. Тим се за кој е многу тешко да се замисли како ќе игра, постојано ги менуваат работите. Но, ние сме подготвени и веруваме во нашиот тим, имам такво чувство. Ќе биде добар натпревар, знаеме што треба да направиме.
Моменталната позиција на табелата не е важна, важно е за мене да се држам до истите принципи, да се бориме за секоја топка. Понекогаш малите детали можат да бидат клучни, ќе бидеме подготвени за натпреварот со многу, многу добар тим. Мислам дека сме подобар тим од минатата сезона. Подготвени сме, но мора да го покажеме тоа на теренот“, рече Аморим.
Јунајтед на ова дерби ќе биде видно ослабен затоа што Аморим нема да може да смета на Матеус Куња, Мејсон Маунт и Диого Далот.
ФОТО/PHOTO: Manchester United


