Аморим: Ристовски се налутил поради замената? Јас сум шефот и одлуката е моја!

Фудбалерите на Спортинг Лисабон со 2-0 го совладаа Авеш во натпревар од 25. коло на португалската Примиера, а нашиот репрезентативец Стефан Ристовски беше заменет по само 24 минути игра.

Иако на прв поглед изгледаше дека се работи можеби за повреда, новиот тренер на клубот изјави дека немало физички проблеми за нашиот бек. 

„Останавме со двајца играчи плус, решив со замена да бидеме поопасни, наместо позиционирано да чекаме. Дали Ристовски се налутил и бил незадоволен од одлуката? Тоа не треба нити да се прашува. Јас сум шефот и одлуките се мои, а фудбалерите мора да ги почитуваат“, истакна Аморим.

Според изјавата на младиот стручњак, очигледно е дека Ристовски имал против раната замена, но сепак добро по репрезентацијата е дека не се работело за повреда.