Аморим по првата победа со Јунајтед: Ќе дадам сè од себе да не ги разочарам фановите!

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим изјави дека навивачите на англискиот клуб добро го пречекале во дебитантскиот натпревар на „Олд Трафорд“.

Фудбалерите на Манчестер во четвртокот го победија Боде Глимт со 3-2, во петтото коло од Лигата на Европа и тоа беше првиот натпревар во кој Аморим го предводеше клубот на домашен терен.

„Беше навистина посебно, навивачите ме прифатија и убаво ме пречекаа, иако сè уште не сум направил ништо за овој клуб. Сега сум еден од нив и ќе дадам сè од себе да не ги разочарам“, изјави Аморим.

Тој изјави дека тимот имал добра контрола на играта, но и дека можеле порано да ја потврдат победата.

„Подобривме различни работи од минатиот натпревар, знам дека тоа е различно натпреварување и друг тим, но ние се подобруваме, создаваме повеќе шанси“, додаде младиот португалски стратег. 

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во недела ќе го пречекаат Евертон во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата.

Состави

Рубен Аморим

3-4-3

    Kjetil Knutsen

    4-3-3