• Саше Љолес

Рубен Аморим беше многу незадоволен после поразот на Манчестер Јунајтед од Брајтон и искрено кажа дека тимот одиграл катастрофално, упатувајќи извинување до навивачите.
„Црвените ѓаволи“ прикажаа ново бледо издание и загубија со 1-3 на својот „Олд Трафорд“, а португалскиот тренер смета дека целиот тим е виновен за овој нов голем неуспех.
„Без оглед на околностите, сите играа лошо. Мораме да се извиниме на навивачите и да ја прифатиме ситуацијата. Треба да гледаме напред и да се подобриме на следните натпревари. Ова денес ми личеше на најлошиот тим во историјата на Манчестер Јунајтед“, рече Аморим.
Јунајтед остана на очајни 26 бодови, а во следното коло ќе патува во Лондон на гостување кај екипата на Фулам.