Аморим: Никогаш не се знае, идната сезона може да играме во ЛШ

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим на прес-конференцијата во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лига Европа против Реал Сосиедад, се осврна на различни теми, вклучително и она што го очекува него и тимот следната сезона.

Единствена шанса Манчестер Јунајтед следната сезона да игра во Лигата на шампионите е Лигата на Европа. Се разбира, само ако успее да ја освои. А за да останат во игра мора да победат во реваншот на „Олд Трафорд“ против Реал Сосиедад, по ремито 1-1 во Баскија.

„Ја имаме Лига Европа и преку неа можеме да стигнеме до Лигата на шампионите. Никогаш не се знае“, рече Аморим.

Сепак, тој посочува дека има план и доколку тимот не успее да стигне до елитното натпреварување.

„Имаме план. Знам, тешко ни е. Но, најважно е да имаме план и да знаеме кои играчи треба да ги доведеме“, додаде младиот португалски стратег.

Реваншот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад се игра в четврток, со почеток од 21:00 часот.