ВИДЕО: Аморим ја елиминира Бенфика и го одведе Спортинг во финалето на Купот!

Спортинг Лисабон на Рубен Аморим е првиот финалист на Купот на Португалија и сонува историска двојна круна во португалскиот фудбал. „Лавовите“ ја елиминираа екипата која е актуелен првак на Португалија, Бенфика на Роџер Шмит, со вкупни 4-3. По победа на првиот натпревар со 2-1 на „Жозе Алвеладе“, „зелено-белите“ одиграа 2-2 (0-0) на „Да Луж“ и слават во дуелот со далеку потрофејниот и популарен градски ривал.

  • Извештај од натпреварот:

По борбениот и на моменти груб прв дел, во кој немаше голови. одлуката падна на почетокот од второто полувреме. Засилувањето од Лече, Данецот Хјулминг ги доведе фудбалерите на Спортинг во водство во 47. минута. Следеше реакција на Бенфика и само пет минути подоцна Николас Отаменди израмни на 1-1. 

Централниот дел од второто полувреме беше вистинска лудница. Паулињо ја врати предноста на Спортинг во 55. минута, а Рафал Силва во 64. минута вторпат израмни (2-2). Следеше фуриозен финиш на Бенфика, голем притисок и четири напаѓачи на терен, но резултатот не се менуваше.

Противник на Спортинг во финалето ќе биде поуспешниот од утрешното полуфинале меѓу Виторија Гимареш и Порто.

Состави

Бруно Лаж

4-4-2

    Rui Borges

    4-4-2