• Иван Димовски
Рубен Аморим беше официјално претставен како нов тренер на Милан. Една од темите на прес-конференцијата беше и Лука Модриќ, односно неговата иднина на „Сан Сиро“.
Португалецот недвојбено откри дека сака да го задржи Хрватот во своите редови. Тој не криеше дека го има во своите планови.
„Модриќ е играч кого сакаме да го задржиме. Веќе двапати разговарав со него, а ако биде потребно и лично ќе одам по него. За нас тој е референтна точка и сакаме да биде дел од тимот и следната сезона. Со него разговараа и луѓето од управата, а разговарав и јас. Очекуваме да ни се приклучи за неколку дена, но сега најважно е добро да се одмори по Светското првенство“, изјави Аморим.
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Милан постои силна желба за продолжување на соработката со 40-годишниот Хрват. Покрај квалитетите на теренот, во клубот сметаат дека Модриќ со своето искуство, авторитет и лидерски способности ќе има значајна улога и во создавањето на новиот тим на Рубен Аморим.


