Аморим го „пречркта“ Маласија, Холанѓанецот се враќа во матичниот клуб?

Рубен Аморим дефинитивно во иднина нема да смета на услугите на Тајрел Маласија, што автоматски значи дека младиот Холанѓанец наскоро ќе го напушти Манчестер Јунајтед. 

25-годишниот дефанзивец сезонава одигра пет натпревари во дресот на „ѓаволите“, по што стана јасно дека може да замине на позајмица уште зимава, а новиот клуб ќе има опција за откуп на договорот во текот на летниот преоден рок. 

Како можна следна дестинација се споменуваше италијанскиот Комо, но англиските медиуми пишуваат дека Маласиа може да се врати во Холандија и да го засили тимот на Феенорд, каде всушност ја започна кариерата и бележеше одлични настапи. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.