ВИДЕО: САД преку Костарика до полуфинале, шокантна елиминација за Канада!

Соединетите Американски Држави се последниот полуфиналист на Голд купот, откако подобро изведуваа пенали од Костарика (2-2, 4-3 на пенали). Домашната селекција ја израдува публиката во Минеаполис и го заокружија кругот полуфиналисти. 

  • САД - Костарика 2-2:

Костариканците први поведоа на „УС Банк“ со голот на Калво од белата точка. Американците се наметнаа и се вратија во мечот, иако Тилман имаше нереализиран пенал. Во финишот на првиот дел Луна донесе израмнување. 

Второто полувреме започна перфектно за избраниците на Маурисио Почетино, бидејќи Арфстен стрела за предност веќе во 47. минута. Успеа и Костарика да се врати преку Мартинез, па мечот прејде на пенал серија. Во рулетот порасположен голман имаа САД, бидејќи Метју Фриси скроти три удари и го трасираше патот до победата.

Во полуфиналето САД ќе се судри со Гватемала која направи подвиг и изненадувачки ја исфрли Канада исто така по пенали (1-1, 5-6 на пенали). Канаѓаните поведоа со голот на Џонатан Дејвид, а потоа Шафелбург направи глупост и доби црвен картон. Гватемалците го искористија тоа и со голот на Рубин израмнија. Потоа во долга пенал-серија Гватемала успеа да го изненади фаворитот со 6-5. 

  • Канада - Гватемала 1-1:

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Мексико и Хондурас.

ФОТО/PHOTO: Concacaf.com