• Горан Упале

Американскиот бизнисмен Давид Блицер стана вистински спортски тајкун, откако купи пакет управувачки акции во шести фудбалски клуб во Европа.
Тој преку неговата компанија „Глобал фудбал холдингс“ ги презеде мнозинските акции на АДО Ден Хааг од Холандија. Претходно, Блицер стекна сопственичките права во Кристал Палас во Англија, Аугсбург во Германија, Беверен во Белгија, Алкорон во Шпанија и Есторил во Португалија.
Секако, тој не е целосен сопственик на споменатите клубови, но сигурно има големи удели во нив и поседува огромни права.
Блицер не финансира само во фудбалот, тој е и акционер во неколку спортски клубови во Соединетите Американски Држави, особено во НБА тимот Филаделфија 76ерс и НХЛ франшизата од истиот град, Девилс.