Американска компанија го купи француски Олимпик Лион

Американската компанија „Eagle football holding“ стана мнозински сопственик на францускиот фудбалски клуб Олимпик Лион, соопштија од клубот. Сопственик на оваа компанија е американскиот мултимилионер Џон Текстор.

„Трансакцијата беше завршена денес“, се наведува во соопштението за медиумите на Лион, објавено по затворањето на париската берза.

Преговорите меѓу новите мнозински сопственици и Олимпик Лион траеја шест месеци, а во неколку наврати беа и прекинати.