Американката Меган Рапино е најдобра меѓу фудбалерките за 2019!

Rapin

Ѕвездата на репрезентацијата на САД; Меган Рапино, ја освои „Златната топка“ во женска конкуренција.

Во септември таа беше крунисана за најдобра светска фудбалерка според ФИФА, а сега 34-годишната Американка зад себе ги остави Луси Бронз и Алекс Морган.

Рапино со својата селекција ја освои светската титула и на турнирот беше најдобар стрелец со шест погодоци.