Американците се налутија, ФИФА и Инфантино им должат милиони долари!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се соочува со нови обвинувања, откако неколку американски градови-домаќини на Светското првенство соопштија дека не ја добиле ветената финансиска поддршка од по еден милион долари.

Според американските медиуми, на претставниците на градовите им било усно ветено дека ќе добијат средства за организациски трошоци, но исплатата никогаш не била реализирана. Поради тоа, локалните организатори бараат објаснување од Светската фудбалска федерација.

Во исто време, кризата во ФИФА дополнително се продлабочува. Дел од високите функционери јавно се дистанцираа од спорните одлуки на Инфантино, а неколку национални федерации веќе ја повлекоа својата поддршка пред претседателските избори следната година.

Дополнителен удар пристигна и од претседателот на Фудбалската федерација на Јордан, Али бин Хусеин, кој ја обвини ФИФА дека се обидела да обезбеди поддршка за Инфантино преку ветување финансиска помош. Од ФИФА засега нема официјален коментар за овие наводи.

Сето ова доаѓа по неодамнешната критика за повлечениот план за продажба на дел од комерцијалните права на Светското првенство на приватни инвеститори, што дополнително го зголеми притисокот врз Инфантино.