ВИДЕО: Американците подобро шутираа пенали и ја исфрлија Канада од Голд Купот

Фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави се пласира во полуфиналето на Голд Купот, откако подобро изведуваше пенали од Канада (3-2, 2-2 регуларно време). Долго време ова четвртфинално дерби не понуди голови, меѓутоа фановите во Синсинати затоа уживаа во одлична завршница. 

Извештајот од наптреварот погледнете го на ОВОЈ линк

Американците беа подобар ривал во текот на регуларното време. Гол-шанси не искористија Фереира, Бусио и Васкез. На спротивната страна Канаѓаните во два наврати бараа пенал, еднаш по старт, а потоа по игра со рака. 

Течеше 88. минута кога Брендон Васкез погоди со глава по центаршут од Џонс, за американска радост на трибините. Сепак, во третата минута од продолжението Виторија го искористи пеналот и избори продолженија. Канада успеа да направи и пресврт со голот на Шафелбург во 109. минута, но пет подоцна Кенеди ја затресе сопствената мрежа за конечните 2-2. 

Во пенал серијата се влезе со три промашувања, потоа за САД погодија Коуел, Бусио и Фереира, за Канада стрелаа Милер и Расел-Роув, ама промаши Брим за пораз од 3-2. Во полуфиналето САД ќе се судри со Панама, додека вториот пар го сочинуваат Јамајка и Мексико.