• Иван Димовски
Поразот од Мексико во финалето на Голд купот остави горчлив вкус кај селекторот на САД, Маурисио Почетино. Домаќините загубија со 2-1, а еден спорен момент во второто полувреме го крена на нозе аргентинскиот стратег, кој остро ги критикуваше судиите.
„Играта со рака во вториот дел беше... Нема да плачам, само ќе ја кажам вистината. Ако тоа се случеше во другиот шеснаесетник - сигурно ќе беше пенал. Не можеме да зборуваме за правилата, многу пенали се наивни. Играчот беше на земја и се потпре на топката и за мене беше многу јасно дека е пенал. Можеби ако го добиевме ќе славевме и трофеј. Не сакам да плачам и да се извлекувам, ама според мене ова беше срамно“, изјави Почетино.
- Спорната ситуација во финалето на Голд купот:
Со оваа победа, Мексико стигна до рекордна 10. титула во Голд купот и сега има скор од 6-2 во финалните дуели со САД.






