• Иван Димовски
Репрезентациите на Шпанија и Украина за играчи до 21 година одиграа нерешени 2-2 во одлучувачкиот дуел од групата на Европското првенство. Со овој резултат „фуријата“ го зазеде првото место за кое се бореше.
Сепак, натпреварот го одбележа еден навистина интересен момент. Имено, украинскиот голман Руслан Нечерет направи неверојатна грешка. Тој во обид ниско да додаде топка со рака, си ја погоди поставената нога. Топката се одби до Рикелме, кој лесно откосо погоди во празната мрежа. Литванскиот судија Румсас веднаш се огласи и го поништи погодокот од нејасни причини.
Веројатно арбиртите помислија дека имало контакт на Рикелме со топката пред голманот Нечерет да ја исфрли, па досудија прекршок. Сепак, бидејќи ВАР технологијата ќе се користи дури во нокаут фазата, немаше можност да се провери ситуацијата и се чини дека Шпанците се оштетени за гол.