• Горан Упале

Екипата на Атлетик Билбао ја забележа премиерната победа во новата сезона во Примера. По ремито на стартот против Мајорка, вечерва на „Сан Мамеш“ падна тимот на Валенсија, со минимални 1-0 (1-0).
- Извештај од натпреварот:
Баскијците на терен истрчкаа со фаворитка улога, но со оглед на настаните на натпреварот може да бидат презадоволни на првите три бода оваа сезона. Валенсија беше тимот што доминираше во текот на сите деведесет минути и имаше повеќе шанси за погодок, но потфрли во реализацијата и мораше да се помири со првиот овосезонски пораз, по победата на стартот над Џирона.
На спротивната страна, пак, Билбао беше резервиран и чекаше на кикс, а тој дојде во финишот од првиот дел. Солер направи голема грешка и тоа го искористи Беренгер со ефикасна завршница во долниот десен агол од гостинскиот гол, за големо славје на трибините и победа на својот тим.
Во следното коло Атлетик Билбао ќе се судри со Кадиз на гости, додека Валенсија го игра дербито со Атлетико Мадрид.