Алжирецот Исмаил Бенасер од Емполи е МВП на Купот на Африка

По 1990 година селекцијата на Алжир пак е шампион на Африка. „Пустинските лисици“ по 29 години се искачија на врвот на „црниот“ континет по победата против Сенегал победија со 1-0.

21-годишниот Исмаел Бенасер од Емполи е најдобар фудбалер на Купот на Африка (МВП).

Бенасер е роден во Франција, татко му е Мароканец, а мајка му Алжирка. Одигра беспрекорен турнир и го засени далеку попопазнениот Марез.

Најдобар стрелец на турнирот е нигерискиот напаѓач Одион Игало со пет голови, пред Марез и Оунас (Алжир), Бакамбу (ДР Конго) и Мане (Сенегал) со по три гола.

Следниот Куп на Африка ќе се одржи во 2021 година во Камерун