Алжир го посакува Руди Гарсија, но ќе мора да плати 2,5 милиони евра

Фудбалската репрезентација на Алжир веќе е во потрага на селектор по смената на Србинот Милан Рајевац. Еден од најсериозните кандидати за празното столче во Алжир е Сафет Сушиќ, поранешен селектор на БиХ.

Но, главната желба на Алжирците е на својата клупа да го видат поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија. Французинот е без ангажман по отказот во јануари од Рома, но се чини и без работа е задоволен од финансиски аспект. Во текот на летото поради таа причина го одби тимот на Олимпик Марсеј.

Фудбалскиот клуб Рома е должен да ја исплаќа неговата плата во висина од 2,5 милиони евра, до крајот на 2018 година. Или пак доколку од Алжир се одлучат да го ангажираат Гарсија, ќе мора му плаќаат минимум 2,5 милиони евра годишно.