ВИДЕО: Алвес „распали“ како некогаш – гол-убавец на Бразилецот од 30 метри 

Иако без речиси цел тим, ПСЖ успеа уште во раната фаза од дербито со Нант да го отвори резултатот и да поведе со 0-1, а најголема заслуга за тоа има Дани Алвес. 

Бразилскиот ветеран нè наврати на своите најдобри денови и го постигна еден од најубавите голови во својата кариера. По неколку кратки додавања на парижани, топката дојде до Алвес, кој без многу размислување распали од преку 30 метри и постигна вистински еврогол. 

  • Голот на Алвес за водство на ПСЖ од 0-1: 

Сепак, радоста на францускиот шампион траеше само три минути, бидејќи Диего Карлос со глава го совлада Буфон за израмнување на резултатот од 1-1.