Алвес: Меси се осмели да не почитува една репрезентација како Бразил

Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) реши да ја разгледа можноста да го казни Лионел Меси поради контроверзните изјави по елиминацијата на Аргентина во полуфиналето на Копа Америка.

Напаѓачот на „гаучосите“ рече дека целиот турнир е наместен за да победи домаќинот Бразил. Со тоа не се согласува Дани Алвес кој е негов голем пријател и поранешен соиграч од Барселона.

„Пријателот не е секогаш во право ако е пријател. Може да го зборува тоа, но јас не се согласувам со него. Мислам дека со изјавата си дозволи да нема почит кон една репрезентација како што е Бразил. Исто така, тоа е недостаток на почит кон професионалци кои се откажале од многу работи за да се изборат за својот сон. Јас му сум пријател и можам да кажам дека погреши во оваа ситуација“ , изјави дефанзивецот.

Се шпекулира дека овој испад на Меси ќе му донесе висока казна поради која долго време нама да има можност да го носи дресот на својата репрезентација.