ВИДЕО: Алварез сигурен пеналџија, Ваљадолид немоќен во Мадрид 

Атлетико Мадрид по подолго време врза две победи во домашниот шампионат и на затворањето на 31. коло во Примера во својот дом извојува триумф над Ваљадолид од 4-2 (2-1).

Мадриѓани со победата над Севиља во претходното коло на еден начин им ставија крај на лошите резултати во сите натпреварувања, а атмосферата останува позитивна и по вечерашниот натпревар, во кој четата на Диего Симеоне до посакуваните три бода дојде по два пенали. 

Натпреварот на „Ванда Метрополитано“ започна со неочекувана предност на гостите, откако Сиља во 21. минута беше прецизен од единаесет метри. Сепак, за само четири минути подоцна пенал доби и Атлетико Мадрид, а на 1-1 израмни Хулиан Алварез. Веќе во следниот напад Симеоне го комплетира пресвртот и на асистенција на Бариос донесе прва предност за Атлетико на овој натпревар (2-1). 

Но, само што започна второто полувреме Ваљадолид успеа одново да ја изигра домашната одбрана и Санчез стрелаше за ново израмнување (2-2). По примениот гол Диего Симеоне направи дури четири замени за само седум минути и тоа вроди со плод, откако Алварез по вторпат беше прецизен од белата точка и го врати Атлетико во водство. На големо задоволство на Симеоне и мадриѓани до крајот на средбата беше постигнат уште еден погодок, откако конечните 4-2 ги постави Сорлот. 

  • Извештај од натпреварот:

Со оваа победа Атлетико е третопласиран со три бода помалку од второпласираниот Реал Мадрид и седум зад лидерот Барселона.