• Саше Љолес

Интересни информации стигнуваат од Англија и Германија. Многу медиуми објавија дека Баерн Минхен има огромен интерес за Хулијан Алварез од Манчестер Сити и понудиле 70 милиони евра за трансфер на Аргентинецот, но самиот фудбалер со една реченица ги замолкна сите што ги изнесуваат овие дезинформации.
Аргентинецот, кој сезонава постигна 16 голови во сите конкуренции, изјави дека му годи интересот од големи гиганти како Баерн, но дека во моментов е потполно недостапен за другите клубови. Алварез на комичен начин изјави „тие можат да ме купат само на ФИФА“, мислејќи на популарната видео-игра.
Julian Alvarez on links to Bayern Munich:
“They can buy me on fifa” pic.twitter.com/Ca7b3PorYo
— Josh (@Joshua_MCI) May 23, 2023
Повеќе медиуми пишувааа дека и самиот Алварез потврдил дека би сакал да замине од Минхен и да заигра во клуб каде би бил стандарден првотимец, но Аргентинецот со оваа изјава драстично ги промени нештата.
Многумина во Англија сепак веруваат дека одличниот голгетер сепак ќе ја побара среќата во друг клуб затоа што не може никако да дојде повеќе до израз покрај неверојатниот Ерлинг Халанд, па останува да видиме дали интересот од Баерн ќе биде само на „ФИФА“, или сепак нешто може конкретно да се случи. Некои медиуми најавија и дека Сити наскоро ќе му понуди нов договор, но не се знае дали истиот ќе биде прифатен од играчот. Во секој случај, понудата нема да биде мала и би имал уште поголема заработувачка од досегашните 15 милиони евра годишно.