Алварез не сака повеќе да биде сенка на Халанд, ПСЖ и Челзи спремни да го одврзат ќесето!

Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез ги известил челниците на Манчестер Сити дека сака да ја промени средината ова лето. Брилијантниот Аргентинец го предводеше нападот на репрезентацијата на Копа Америка. Но, во сенка на тој турнир побара трансфер од шефот на англискиот шампион.

Причината е неговиот статус. Иако имаше зголемување на минутажата во однос на претходната сезона, но и на улогите, Аргентинецот не е задоволен од тоа што се уште е втора напаѓачка опција зад Ерлинг Халанд.

Тоа го поткрепува и фактот што тој ја одбил понудата за нов четиригодишен договор. Сепак, на „Итихад“ се подготвени да ги продолжат разговорите и да го убедат да остане. Меѓутоа, ако не успеат, тие се подготвени да го продадат за наводни деведесет милиони евра.

Прв во редот кој го чека овој исход е Пари Сен Жермен, а интерес има и од Челзи. Минатата сезона Алварез постигна 13 гола и забележа 11 асистенции на 54 натпревари.