• Зоран Мишевски
Искусниот македонски напаѓач Марјан Алтипармаковски се одлучи за нов интернационален предизвик. Битолчанецот си замина од Брегалница од Штип на истек на договорот и потпиша за членот на српската Прва лига, Раднички од Белград. 31-годишникот е едно од летните засилувања за клубот кој важи за најголем фаворит за промоција во српската Суперлига.
Алтипармаковски настапуваше за Пелистер, Работнички, Струга Трим Љум и Брегалница во македонскиот шампионат, како и од Ксанти и Панилиакос во Грција, Интер Запрешиќ во Хрватска, литванска Судува, Сараево од БиХ и албански Лачи.
Досега на 164 натпревар во ПМФЛ, Алтипармаковски постигна 41 погодок.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

