Алтипармаковски и Додев во еден глас: Ветуваме уште вакви убави игри и победи!

Bregalnica

Брегалница Штип немаше големи проблеми на домашниот меч против последнопласираниот тим на табелата во ПМФЛ, Тиквеш.

>>> ВИДЕО: Брегалница одигра сигурно и го „закопа“ Тиквеш на дното на табелата

Марјан Алтипармаковски и Дарко Додев беа стрелци на погодоците за три бода на штипјани. По мечот и двајцата беа одушевени од прикажаното од екипата овој викенд.

„Им благодариме на фановите на поддршката. На нашиот противник му честитаме за фер и коректната борба. Оваа победа е заедничка, на сите наши соиграчи. Заслужено победивме. Ние бевме само една карика во победата. И натаму ќе има вакви убави игри и победи“, порачаа стрелците за Брегалница.

За тимот предводен од Марјан Секуловски ова беше втора сезонска радост, по домашното славје над Академија Пандев пред две кола.

Следното коло за Брегалница носи натпревар против Ренова.