Алонсо за шампионската трка во Германија: Мораме да бидеме реални...

Чаби Алонсо, тренерот на Баер Леверкузен, е свесен дека неговиот тим тешко веројатно дека ќе успее да ја одбрани титулата во Бундеслигата. До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, а водечка екипа во германскиот шампионат моментално е Баерн Минхен, која има осум бода повеќе од тимот од Леверкузен. На оваа тема зборуваше шпански стручњак.

„Мораме да бидеме реални и да кажеме дека само математички имаме шанси да ја освоиме титулата во Бундеслигата. Секако дека трката сè уште не е завршена, но нашите шанси се навистина минимални“, изјави Чаби Алонсо.

Минатата сезона тимот од Леверкузен ја освои Бундеслигата со 28 победи и шест нерешени исходи. Годинава Баер загуби само двапати, но огромниот број (10) реми исходи скапо го чинеше.

Баер Леверкузен до крајот на сезоната ќе игра натпревари против Аугсбург, Борусија Дортмунд, Фрајбург и Мајнц 05, додека Баерн Минхен ќе ги одмери силите со РБ Лајпциг, Борусија Менхенгладбах, Мајнц 05 и Хофенхајм.