• Иван Димовски
Чаби Алонсо го „преживеа“ еден од клучните натпревари, откако Реал Мадрид слави на гостувањето кај Алавес со 1-2 во 16. коло на шпанската Примера.
Натпреварот на „Мендизороца“ понуди три погодоци, а „кралевите“ по два врзани порази конечно славеа. Реал поведе практично од првата вистинска шанса во 24. минута, а стрелец беше повратникот во стартниот тим Килиан Мбапе кој реализира за 0-1. До полувремето Алавес успеа да се разбуди, но не и да се врати резултатски.
Тоа му појде од рака во 68. минута кога Карлос Висента даде гол за 1-1. Иако ситуацијата се проверуваше неколку минути дали има недозволена позиција, судијата Виктор Гарсија го потврди израмнувањето. Сепак, радоста на домашните траеше кратко бидејќи Родриго во 77. минута реализира за ново „кралско“ водство по асистенција од Вини (1-2).
- Извештај од натпреварот:
До крајот резултатот остана непроменет, Реал стигна до дванаесеттата победа и се одржа на „минус четири“ во однос на водечката Барселона.
- Селта Виго - Атлетик Билбао 2-0:
По победата во Мадрид, Селта го потврди добриот момент и го совлада Атлетик Билбао на „Балаодос“ со 2-0, Головите за тимот од Галиција ги постигнаа Сведберг и Ал-Абделауи.








