Алонсо: Поразот боли, но мораме да бидеме горди на она што го направивме

Фудбалерите на Баер Леверкузен беа поразени од Аталанта во финалето на Лига Европа. Тимот од Бергамо целосно ги надигра „фармацевтите“ во Даблин и славеше со хет-трикот на Адемола Лукман.

Така заврши неверојатната серија на Германците од 51 натпревар без пораз, со која избраниците на тренерот Чаби Алонсо поставија светски рекорд, но и останаа без еден од трите можни трофеи на крајот од сезоната.

„Поразот дефинитивно боли, но мораме да го искористиме на позитивен начин. Она што го успеавме е неверојатно и мора да бидеме горди. Имавме одлична можност да ја продолжиме серијата и дадовме максимум, но сепак не беше доволно. Сите моравме да бидеме подобри, па дури и јас како тренер“, изјави Алонсо по натпреварот.

Баер без загубен натпревар стигна до премиерната титула во германската Бундеслига, а го чека финалето на Купот каде се среќава со Кајзерслаутерн и е голем фаворит.

Состави

Џанпјеро Гасперини

3-4-3

    Чаби Алонсо

    3-4-2-1