• Саше Љолес
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изјави дека неговиот тим е целосно подготвен и уверен дека може да стигне до победа против Манчестер Сити во дербито на шестото коло од Лигата на шампионите.
Реал Мадрид ќе има задача значително да го поправи впечатокот после поразот од Селта Виго во Примера (0-2), а тренерот Алонсо смета дека овој меч е веќе во минатото.
„Тимот е обединет и подготвен. Играчите знаат каква битка нè чека утре. Ова е голема можност за нас, влегуваме во натпреварот со максимален фокус, сила и решителност.
Нема простор за оправдувања. Ако сакаме успех, мора да одиграме со висок ритам, интензитет и дисциплина од првата до последната минута. Ќе биде интересен меч, ние веруваме во победа над Сити“, изјави Алонсо.
Натпреварот против Манчестер Сити ќе покаже дали оваа самодоверба ќе се претвори во позитивен резултат на теренот. Дербито на шестото коло во елитниот ранг на УЕФА ќе се одигра на десетти декември во 21:00 часот.






