• Саше Љолес
Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изјави дека е возбуден за најголемиот предизвик во досегашната тренерска кариера и најави дека „кралевите“ полека ќе го градат новиот ѕвезден тим кој треба да доминира во Европа.
Шпанскиот стратег неодамна го презема тимот и веднаш замина на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави, каде ја презентираше својата филозофија и очекувањата од блиската иднина.
„Ми треба малку време за да почувствувам кои се можностите на секој играч. Јас сум тренер, но сакам да бидам близу до нив. Мораме малку да го забрзаме процесот, зашто немаме премногу време на располагање.
Доаѓаме на СКП полни со ентузијазам, како целосен тим имаме само три тренинзи пред првиот натпревар. Сепак, имаме огромна желба да одиграме добар турнир“, изјави Алонсо.
Реал Мадрид ќе настапи во групата Х на клупскиот Мундијал, каде ќе ги одмери силите со екипите на Салцбург, Пачука и Ал-Хилал. Првиот меч ќе биде против саудискиот претставник, кој е закажан за 18 јуни во 21:00 часот.
ФОТО/PHOTO: Real Madrid CF