• Горан Упале
Силата на Милан не е само во најдобриот стрелец на тимот, Кристијан Пулишиќ, туку во одличен колектив од кој секој поединец може да се истакне во секој момент, смета тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо.
Шпанскиот стручњак ова го изјави во пресрет на гостувањето на италијанскиот гигант на „Бај Арена“ во второто коло од Лигата на шампионите, а тој натпревар е закажан за во вторник од 21:00 часот.
„За мене е голема чест што имаме можност да играме против Милан, бидејќи тоа е клуб кој ги испиша најубавите страници во историјата на Лигата на шампионите.
Тимот е предводен од Пауло Фонсека и неговите тимови се многу силни во одбраната и многу опасни во нападот“, рече Алонсо
Во првото коло од елитното европско натпреварување, Баер беше убедлив на гостински терен против Феенорд, додека Милан на домашен терен беше поразен од Ливерпул.