• Зоран Мишевски

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски во третото коло го прими првиот гол во шпанскиот фудбалски шампионат. Рајо Ваљекано неочекувано лесно загуби пред своите гледачи со 0-2 (0-1) од Мајорка, водека од мексиканскиот тренер Хавиер Агире.
Ведат Муриќи погоди за 0-1 во 13. минута, а Канг-Ин Ли ги постави конечните 0-2 во 64. минута од натпреварот.
- Рајо Ваљекано - Мајорка 0-2:
Севиља и по три одиграни кола е без победа, а вечерва загуби со 2-1 во андалузиското дерби против Алмерија. Оливер Торес донесе водство за гостите во 30.минута, но Ларгие Рамазани израмни на 1-1 во 42. минута. Победничкиот гол за новиот член на Примера го постигна Умар Садик во 55. минута од натпреварот.
- Алмерија - Севиља 2-1:
Реал Мадрид и Барселона своите натпревари од четвртото коло ги играат в недела. Шампионот гостува кај Еспањол, а Каталонците го пречекуваат.