Алмеида: Ни се смееја кога реков дека дојдовме да победиме во Брајтон

Екипата на АЕК во четвртокот приреди сензација среде Англија, откако на „Амакс“ со 2-3 славеше на соочувањето со премиерлигашот Брајтон.

По натпреварот тренерот на грчкиот тим, Матијас Алмеида, рече дека неговиот тим уште еднаш докажа дека треба да биде почитуван во Европа.

„Овој тим се карактеризира со борбеност. Минатата сезона ја освоивме двојната круна и играме тимски. Она што баравме е да нè почитуваат во Европа.

Вчера на нашата прес-конференција имаше двајца новинари. Кога реков дека дојдовме да победиме, еден се насмеа. Тој не е тука денес. Очигледно не сакаме да нè потценуваат“, изјави тренерот на АЕК.

Грчкиот првак како да е задолжен за трилер-натпревари во Европа, откако во квалифиакциите за Лигата на шампионите во луд финиш го елиминира Динамо Загреб.