• Горан Упале

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва во Катар против мексиканската Пачука ќе се борат за трофејот во Интерконтиненталниот Куп.Тоа ќе биде и последно финале во стариот формат на Светското клупско првенство, кое од следната година ќе се организира по моделот Мундијал - со учество на 32 клуба.
Тренерот на Пачука, Гиљермо Алмада, улогата на фаворит му ја препушти на освојувачот на Лигата на шампионите.
„Ќе бидеме особено мотивирани бидејќи ќе се судриме со ваква фудбалска институција“, изјави мексиканскиот стратег.
Финалето ќе се игра на стадионот „Лусаил“ во Доха, место каде се играше финалето на последното Светско првенство.